Од над 330.000 вакцинирани македонски граѓани, со Ковид се заразиле 96

пред 3 години

Од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини 96 биле позитивни на Ковид-19 по примена втора доза вакцина.

Тоа значи дека само 0,02 проценти се заразиле со Ковид, што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат, велат од Министерството за здравство.

Од 96 те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина.Само 13 од заразените со Ковид биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување.

Нема ниту еден починат пациент со Ковид, а кој има примено две дози вакцина.

Share
Scroll to Top