Вчера околу 22 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции, по претходно добиени оперативни сознанија дека Л.М. (41) од с. Гајре, тетовско, кој е осомничен за кривично дело убиство на 05.07.2024, а бил баран и поради бегство од Психијатарската болница Бардовци, се наоѓа во с. Гајре, преземале мерки и активности за лишување од слобода на лицето.
По претходно обезбедени наредби за претрес во три куќи во Гајре, при преземање мерки за претрес на куќа сопственост на З.М., затекнат е Л.М., кој бил вооружен со автоматска пушка и пружил отпор и не постапил по дадените наредби на полициските службеници, туку автоматската пушка ја репетирал и вперил кон полициските службеници, по што било пукано од страна на полициските службеници.
„Откако Л.М. бил неутрализиран, побарана е медицинска помош од Итна медицинска помош, а известен е и јавен обвинител. Кај Л.М. бил пронајден и пиштол и рамки за автоматска пушка и куршуми. Околу 22.50 часот Л.М. починал, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина во Клиничка болница Тетово за обдукција“, велат од полицијата.
Текстот Од Психијатриска болница избегал тетовецот кој има впери автоматска пушка на полицајци додека го апсеа за убиство е превземен од МАКФАКС.