Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири информира дека заедно со СОНК ги прифатиле предлозите на медијаторот во однос на сите отворени теми и причините за штрајкот во образованието.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„И двете страни се согласивме да ги прифатиме предлозите на медијаторот кои се вклучени во преговарачкиот процес, во однос на сите теми кои беа отворени и причините за штрајк во образованието. Повисоки плати во образование ќе има, освен порамнувањето што го донесовме со минимална плата, се договоривме за зголемување на платите за сите вработени во образование за 15 проценти“, истакна Шаќири.
Додаде дека нема да има кратење на платите во месецот кога се штрајкуваше.
„Нема да има кратење за времето кога се штрајкуваше. Најдовме целосно разбирање и ќе се исплатат целосни плати за април. Ги допрецизиравме работите и околу колективните договори“, нагласи ресорниот министер по средбата со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
Изрази благодароност до родителите, наставниците и учениците кои имале разбирање за овој процес.
Зголемувањето, како што беше најавено треба да се очекува од септемвриската плата.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков потврди дека овој предлог на медијаторот, ќе важи и со Министерството за труд и социјална политика.