Од утре променливо облачно со повремен дожд

пред 2 години

Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне во западните и северните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 14 степени.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Во вторник се очекуваат пообилни врнежи од дожд, кои поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика дневните температури да бидат пониски и во следните денови.

Share
Scroll to Top