Поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, упати благодарност до Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија кои се согласиле да им дадат засолниште на нивните сојузници од Авганистан, особено на жени и деца на лидерите на цивилното општество.
„Мора да бидеме фокусирани на спасување животи во Авганистан. САД работат да ги евакуираат лицата под особен ризик од Талибанците и благодарна сум на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија кои понудија засолниште на нашите авганистански сојузници, особено жени и деца на лидерите на цивилното општество. Се надевам дека овој пример ќе го следат и други“, напиша Олбрајт на „Твитер”.
We must focus on saving lives in Afghanistan. As the US works to evacuate those at special risk from the Taliban, I am grateful to Albania, Canada, Kosovo and North Macedonia for offering refuge to Afghan allies, esp women & civil society leaders. I hope & expect others to follow
— Madeleine Albright (@madeleine) August 15, 2021
Претходно денеска премиерот Зоран Заев изјави дека Северна Македонија ги информирала САД оти стои на располагање за да се спасат животи на цивилното население во Авганистан.