Општина Брвеница ја доби првата детска градинка

пред 3 години

Во општина Брвеница денеска беше отворена првата детска грдинка „Сонце-Диели“.

На отворањето присуствуваше и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска кој рече дека градинката има капацитет за 65 деца, кои што ќе бидат организирани во 4 групи.

„Градинката е изградена со средства од Министерството за труд и социјална политика во износ од 22 милиони денари и е првата детска градинка во Брвеница“, истакна министерката.

Таа ја потенцираше важноста на предучилишното воспитание и образование, како и важноста од квалитетни и обучени кадри кои се грижат за најмладите.

Градоначалникот на Брвеница, Енвер Пајазити изрази големо задоволство што општината ја добива својата прва градинка, и можноста на најмладите жители на оваа општина да добијат предучилишно воспитание и образование во местото каде што живеат.

Share
Scroll to Top