Општина Куманово бара дополнителни термини за тестирање на коронавирус

пред 4 години

Поради немање на термини за тестирање, Општина Куманово бара од Министерство за здравство барем двојно да се зголеми бројот на термини за тестирање преку „Мој термин“.

Исто така, поради зголемен број на заболени лица, како и обезбедување на нивен соодветен третман за лекување (преглед, усмерување, хоспитализација и сл.), Општината бара од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести да ја разгледа потребата од донесување на нови или промени на постоечките протоколи.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно, физичка дистанца од два метри, носење на заштитни маски, како и новата мерка со која се забранува групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана“, соопшти Општински штаб за заштита и спасување.

Share
Scroll to Top