Оружје и дрога пронајдени во домот на 67-годишен битолчанец

пред 3 години

Битолчанец со иницијали К.Н. на 67-годишна возраст бил уапсен во текот на вчерашниот ден, откако при полициски претрес на неговиот дом и други простории на улицата „Илинденска“ во Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, таблети, две ловни пушки, пиштол и куршуми.

Од МВР информираат дека против 67-годишникот ќе бидат поднесени пријави поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје.

Share
Scroll to Top