Османи – Албарес од Минхен: Шпанија подржува јасна ЕУ песрпектива за Македонија

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на учеството на Минхенската безбедносна конференција имаше билатерална средба со својот колега, министерот за надворешни работи, Европска унија и за соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарес.

Министрите разговараа за европските перспективи на земјата, за развојот на економската и билатералната соработка и за мултилатералните форуми на заедничко делување, особено за соработката во ОБСЕ во фокусот на следното претседавање на Северна Македонија со оваа организација во 2023 година.

Османи го запозна Албарес за отворениот процес за градење доверба со Република Бугарија, која се одвива во позитивен дух и од кој се очекува разумна европска формула која ќе го деблокира почетокот на пристапните преговори за Република Северна Македонија.

Двајцата министри разменија мислења за ситуацијата во источниот дел на Украина, при што изразија загриженост за ескалацијата на безбедносната состојба. Воедно, ја истакнаа недвосмислената поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина и повикаа на итна де-ескалација на состојбите.

Заклучија дека особено значајно за безбедноста во евроатлантската област е и координираниот пристап на НАТО и ЕУ кои се засноваат на еднакви вредности и еднаква определба за мир и безбедност во глобални рамки. Министрите се заложија за блиска соработка и постојана координација на теми од заедничко значење.

Share
Scroll to Top