Османи во Дубаи: Економската соработка ни е во заеднички интерес

пред 4 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес во Дубаи оствари средба со Државниот министер за меѓународна соработка, Реим бинт Ебрахим Ал Хашеми, која е одговорна за меѓународна, развојна и техничка помош и Главен управен директор на ЕКСПО 2020 Дубаи.

Централна тема на средбата учеството на Република Северна Македонија на „ЕКСПО 2020 Дубаи“, при што беше посетен и Павилјонот на Република Северна Македонија кој е во финална фаза. Во рамките на разговорот Османи упати благодарност за помошта на ОАЕ за справување со пандемијата Ковид- 19 која беше доделена на нашето министерство за здравство во текот на месец ноември минатата година.

На првиот ден од посетата, Османи имаше средба и со Министерот за надворешна трговија, Тани Ахмед Ал Зејуди, со кој разговараа за продлабочување на економската соработка и зголемување на трговската размена.

„Економската соработка останува како главен фокус на нашиот заеднички интерес, така што можеме да истакнеме дека главни области на интерес се трговијата, инвестициите и туризам“, истакна Османи.

Во рамките на дводневната посета на ОАЕ, утре Османи во Абу Даби, ќе се сретне со неговиот хомолог, Шеик Абдула бин Зајед Ал Нахјан, со Министерот за толеранција и соживот, Шеик Нахјан Мубарак Ал Нахјан, со Државниот министер за економска диверзификација и економска дипломатија, Ахмед Али Ал Сајег како и со извршниот директор на “Hedayah International Center” за спротивставување на насилниот екстремизам и радикализам, Ахмед Ал Касими.

Share
Scroll to Top