Османи на НАТО Министерски состанок во Брисел

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

пред 2 недели

САД денеска препорачаа до своите граѓани да не ги напуштаат Тел Авив и главните центри на Израел поради можни напади, а не е исклучена можноста и македонското МНР да упати порака за претпазливост до нашите државјани таму.

„Во текот на денот и ние ќе ги информираме нашите граѓани иако постојано сме во комуникација со оние што се таму“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Како што рече, нема нови пријави од наши граѓани што се наоѓаат во Израел и во регионот на Блискиот Исток за евентуална евакуација.

По објавата на западните медиуми дека Израел утрово го нападнал Иран, Османи изјави дека постојано се следи состојбата, а утринава повторно разговарал со нашиот амбасадор во Израел.

„Имало некои информации дека во текот на ноќта Израел го има нападнато Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени и затоа не ве информирав во врска со ова прашање. Меѓутоа, тоа се информациите од утринскиот разговор што го имав со нашиот амбасадор, но немаме барање ниту преку СОС-телефонот ниту преку нашата Амбасада за евакуација“.

Сите државјани што имаат потреба од евакуација може да стапат во комуникација со нашата Амбасада во Тел Авив на дежурниот телефон 972 549 267 378, како и СОС-дежурните телефони на МНР – 075 273 732 и 075 268 376 со цел подготовки за евентуална евакуација.

Текстот Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top