Времето денеска променливо облачно и врнежливо

Времето денеска променливо облачно и врнежливо

пред 3 месеци

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови и во Пелагонија засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје променливо облачно и релативно топло со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Температурите утрово се 0 Берово, Попова Шапка, 3 Лазарополе, 4 Гевгелија, 5 Маврови Анови, Крушево, 6 Струмица, Кавадарци, 7 Претор, Прилеп, 8 Тетово, Битола, Дојран, 9 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово, 10 Виница, Велес, 11 Скопје-Петровец, Крива Паланка, 12 Штип, Демир Капија.

 

 

Текстот Времето денеска променливо облачно и врнежливо е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top