Собранието го избра новиот состав на ДИК

пред 3 години

Со 95 гласа „за“, без ниту еден против и воздржан пратениците го изгласаа Александар Даштевски предложен од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Државната изборна комисија.

Со изгласувањто на Предлог-одлуката избрани се и потпретседател и членови на Државната изборна комисија. Потпретседателка на ДИК е Дитмире Шеху од ДУИ. Членови во новиот состав ќе бидат досегашните Борис Кондарко и Радица Ристеска, Оливер Ристовски поранешен заменик министер за правда по предлог на СДСМ, Бобан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ и Кренар Лога предлог на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Предлог – одлуката претходно помина на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со поддршка од 9 гласа по што Собранието на пленарната седница ја усвои едногласно, при што беше запазен и принципот на двотретинско мнозинство, потребен за носење на вакви одлуки.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15 јануари, кога треба функциите да ги превземат новоизбраниете членови.

Share
Scroll to Top