Османи: Императив е во јуни да се отпочне со долго задоцнетиот пристапен процес

пред 2 години

Императив е да се отпочне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќање на отворањето на панел дискусијата „Патот до Брисел”.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Закочените интеграциски процеси за Северна Македонија, како што рече Османи, се извор на системска ранливост, чии што ефекти негативно се одразуваат врз целиот регион.

„Искрено веруваме дека ова се историски времиња кои налагаат цврсти и навремени одлуки. Бараме итно отворање на преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ и повикуваме на преземање на сите напори за унапредување во кандидатски статус за членство во ЕУ на Босна и Херцеговина и Косово и поддржуваме напредок во преговорите за Црна Гора и Србија“, рече Османи.

Шефот на дипломатијата предупреди дека ако ништо не се случи, ќе биде испратена погрешна порака кон другите држави од Западен Балкан, но тоа не значи дека планираме да го напушиме европскиот пат.

„Ние сме Европејци со огромно убедување. Одлични сме во спроведувањето и усогласувањето со европското законодавството и ќе продолжиме на тој пат“, рече Османи.

Share
Scroll to Top