Османи на средба со амбасадорите на земјите – членки на ЕУ

пред 2 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, акредитирани во земјава.

Средбата беше во функција министерот да ги брифира амбасадорите и да даде пресек за актуелните случувања поврзани со европската агенда на земјата, особено предизвиците во билатералните односи со Бугарија и процесот на усвојувањето на преговарачката рамка како предуслов за почеток на преговорите со ЕУ.

„ Северна Македонија демонстрираше посветеност кон европската интеграција, реформскиот процес и регионалната соработка создавајќи со тоа стратешка кредибилност пред своите партнери. Не отстапуваме од нашата амбиција да продолжиме со надворешната интеграција со нашето најблиско соседство, кое посакуваме да резултира со стабилни и квалитетни добрососедски односи, со потенцијал да преминат во трајно пријателство со силна меѓусебна доверба“, истакна Османи.

На средбата се дискутираше и за учеството на Северна Макоеднија во заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Во тој контекст, Османи истакна:

„ Нашата држава во 2021 година има постигнато висок степен на усогласување со позициите на ЕУ, дури 96 % што е индикатор дека земјата ги споделува вредностите и проинципите на надворепшната политика на Европската Унија”.

Зборувајќи за надворешната политика на земјата, Османи се осврна и на регионалните и на безбедносните предизвици и за ситуацијата во и околу Украина, што претставува закана за европската и меѓународната сигурност.

Share
Scroll to Top