„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше емотивно. Имаше ефективно справување со последиците од оваа криза. Ова е уште еден знак дека сме блиски пријатели во добро или во лошо и треба да си помагаме. Ова во интервју за Нoва.бг. го изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Тој ги отфрли заговорите дека трагедијата била организирана за да се натера Софија да каже ‘да’ за Скопје на нејзиниот пат кон ЕУ.
„Ако ме прашувате за разликите што ги имаме и за европската перспектива, ние никогаш не сме ја прекинале комуникацијата со Република Бугарија. И покрај тоа што беше потешко поради тоа што за една година имаше три избори. Не беше формирана влада и имаше преодна влада, но ние бевме во постојана комуникација со преодната влада на Бугарија. Во последниот период имавме три директни средби меѓу експертите. Разменивме белешки, документи, ставови, мислења и така ќе продолжиме и во иднина. Се надевам дека побрзо ќе се формира редовен кабинет и институции за да можеме да ставиме крај на овој спор кој ја држи во заложништво не само нашата европска перспектива, туку и целиот регион, а заложник е пријателството меѓу нашите две земји“, рече Османи.
Додаде дека е во интерес и на Бугарија и на нас и на целата Европска Унија побрзо да се стави крај на ова прашање, кое непотребно ги труе нашите билатерални односи.
„Првите пораки кои доаѓаат од партиите кои можат да коалицираат не’ инспирираат со оптимизам. Но, во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, фокусот не треба да го оставаме само на минатото, туку и на сегашноста и иднината. Цело е кога има се’. Не ја потценувам важноста на историјата и минатото, треба да разговараме за овие прашања, но треба да се фокусираме на сегашноста. Секој ден пишуваме историја. Ние сме сериозни и конструктивни. Ние веруваме во пријателството на нашите две земји. Ние веруваме во заедничка иднина за Европа. Ние сме сојузници во НАТО и ни треба само порационален пристап на двете страни, како и разбирање“, рече шефот на македонската дипломатија.
„Велиме дека луѓето се познаваат во лоши моменти, а пријателите – во тешките. Она што се случи во последните 2 дена покажува дека ние сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо“, рече Бујар Османи.