Охриѓанец незаконски ловел риба во Лагадин

пред 3 години

Жител на охридското село Трпејца е приведен поради незаконски риболов.

Според информациите на МВР, вчера на брегот кај плажата „Акапулко“ бил приведен А.Б.(38) од охридското село Трпејца, кој незаконски ловел риба во Охридското Езеро.

При преглед на пловниот чамец, пронајдени се 143 парчиња риба белвица, осум рибарски мрежи и друг риболовен алат, кои се предадени на Хидробиолошкиот завод.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Share
Scroll to Top