Охриѓанец тешко повреден при судир на два велосипеда

пред 3 години

На охридската улица 7 ноември, во утринските часови на 15 декември се случила незгода меѓу два велосипеда.

Како што информираат од МВР, велосипедите ги управувале Р.М. (49) и В.К. (66), двајцата од Охрид.

Во несреќата со тешки повреди се здобил 66-годишникот, констатирани во охридската општа болница.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.

Share
Scroll to Top