Партијата за движење на Турците (ТХП) во Скопје одржа конференција на која се презентираа постигнатите резултати и програмски цели во изминатите години.
Партијата за движење на Турците (ТХП) како водечки политички субјект на турската заедница во Република Северна Македонија пред секој изборен циклус пред електоратот излегува со своја програма во која се интегрирани сите потреби на турската заедница. Како одговорна и транспарентна партија ТХП со присуство на сите свои носители на јавни функции пред граѓаните даде отчет за сработеното во повеќе области.
Претседателот на ТХП Енес Ибрахим истакна дека во изминатите 4 години и покрај сите предизвици тимот на ТХП успеа да реализира особено важни проекти за турската заедница, истовремено придонесувајќи во сите витални општествени определби.
Ибрахим особено го истакна историското постигнување со основањето на Националната установа „Центар за култура на турската заедница“, со што после повеќе од седум децении Турците во нашата земја добија нова установа, а ова е цврст доказ за степенот на демократија и кохезија на нашето мултикултурно општество.
ТХП како во изминатите години, така и во претстојниот период ќе продолжи посветено да работи за благосостојбата на турската заедница, но и сите граѓани на нашата земја. Подобрување на политичката претставеност на турската заедница, зголемување на ефикасноста и довербата на правосудниот систем, како и брзата интеграција во ЕУ остануваат примарни цели во следниот период, за кои активно ќе се залагаме и преку нашата нова програма.
Текстот Партијата за движење на Турците со отчет за сработеното во изминатите 4 години е превземен од МАКФАКС.