Пендаровски-Кодели: Северна Македонија и Албанија заслужуваат неодложен почеток на преговорите со ЕУ

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Парламентот на Албанија, предводена од Мими Кодели, пратеничка и претседателка на Комисијата за надворешна политика.

На средбата биле разменети мислења и информации за европските интеграции, како и за последниот развој на настаните по одржувањето на состанокот на Советот за општи работи на Европската Унија. Притоа, соговорниците се согласиле дека и Северна Македонија и Албанија заслужуваат неодложно да ги започнат преговорите со Европската Унија, при што оцениле дека тоа ќе се одрази позитивно врз целиот регион и е геостратешка инвестиција во стабилна и просперитетна Унија, нагласуваат од кабинетот на Пендаровски.

На средбата претседателот Пендаровски посочил дека нашата држава има јасна определба за продолжување на меѓусебната соработка со Албанија преку отворен и конструктивен политички дијалог, како најприфатлив можен начин за градење добрососедски односи и просперитетна иднина. Во тој контекст, била нагласена важноста од продолжување на динамичната соработка меѓу парламентите на двете држави, информираат од неговиот кабинет.

Share
Scroll to Top