Претседателот на државата Стево Пендаровски изрази безрезервна поддршка за Уставниот суд во барањето за воведување на уставна жалба од која придобивки ќе имаат сите граѓани на Република Северна Македонија.
„Иако досега постоеја повеќе иницијативи за измена на Уставот во оваа насока, за жал, цела серија парламентарни состави не собраа сила тоа да го направат, а дискусиите за измени на Уставот, со цел, воведување на уставната тужба завршуваа во партиско-политички пазарења и надмудрувања за сосема други прашања кои немаат никаква врска со темата. Се надевам дека во скора иднина и политичката, освен стручната јавност, ќе ја разбере важноста на воведувањето на уставната тужба како важен сегмент во реформите и чекор кон зајакнување на системот за заштита на човековите права и слободи“, додаде Пендаровски.
„Се разбира, во услови на непостоење на категоријата на уставна тужба во нашиот поредок, „Уставниот суд има можност, уште повеќе, да ја афирмира својата улога на заштитник на човековите права и слободи и во постојните рамки. Тука пред се мислам на вашата надлежност за постапување по барањата за заштита на слободите и правата, а особено во заштитата од дискриминација“, кажа Пендаровски.
Текстот Пендаровски со поддршка за барањето за воведување уставна жалба е превземен од МАКФАКС.