Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон која го информираше за одлуката на Кралството Шведска да поднесе барање за членство за прием во НАТО.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во таа прилика, Пендаровски ја поздрави оваа одлука на Шведска карактеризирајќи ја како одлука на суверена држава која има право на тоа, и додаде дека нашите државни позиции се во поддршка на политиката на отворени врати на НАТО, соопшти кабинетот на Пендаровски.
Соговорниците разменија информации во однос на динамиката на процесот на пристапување во Алијансата, при што претседателот Пендаровски истакна дека со полноправното членство на Шведска во НАТО, одличните билатерални односи ќе добијат на уште посилен интензитет преку идното сојузништво во Алијансата.
Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде претходно денеска потпиша барање со кое се изјавува дека земјата сака да се приклучи на НАТО.
Овој потег го означува формалниот чекор на Стокхолм кон приклучување на воениот сојуз предводен од САД, ставајќи крај на долгогодишната воена неутралност.