Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

пред 2 години

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“.

Несреќата се случила помеѓу „цитроен“, управуван од И.Ј.(57) од Битола и трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, со приколка, управуван од Г.П.(45) од с.Подмочани, ресенско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле возачот И.Ј. и уште тројца сопатници од возилото, Л.Ј.(51), Б.Ј.(19) и З.Ј.(59), сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од Полициската станица Ресен.

Share
Scroll to Top