Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје

Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје

пред 2 часа

Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.

„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во

Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Текстот Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top