Министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер во интервју за „Гласот на Америка“, реализирано при посетата на македонската делегација на САД, говореле за потребата од брз и неодложен старт на пристапни преговори, за континуираната американска поддршка на овој процес, како и за заедничките напори за развој на одбраната и на отпорноста против хибридните закани. Токму договорениот американски грант од 40 милиони долари при оваа посета, е наменет покрај за модернизација на Армијата и за справувањето со хибридните закани, велат од кабинетот на Петровска.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Предолгото тактизирање или одлагање на почетокот на преговорите заради ветото кое го имаме од нашиот сосед може да предизвика сериозен безбедносен проблем на Балканот, заради тоа што веќе се чувствува на некој начин фрустрацијата од предолгото чекање во овој процес и тоа е нешто што дополнително ја обесхрабрува и администрацијата и општеството во целина. Тоа тактизирање, особено во условите кои ги имаме сега на европското тло, а тоа е воената агресија врз Украина, остава простор за влијанија на трети држави кои, не секогаш, односно најчесто, не се добро наклонети кон состојбите. Поголема акција, поголема вклученост од сите страни ќе биде од бенефит за сите“, изјавила министерката Петровска и изразила благодарност за континуираната и недвосмислена американска поддршка.
Во контекст на хибридните закани, министерката Петровска порачала дека е видливо нивно засилување, особено по почетокот на руската агресија врз Украина.
„Хибридните закани беа присутни во Северна Македонија и претходно, но, се разбира дека со започнувањето на руската инвазија врз Украина, и поради ставовите кои Владата на Северна Македонија ги има кон ова прашање, а тоа е јасна осуда и недвосмислена поддршка на Украина во оваа борба, се засилија кон Северна Македонија, кон институциите и се разбира кон одредени министри, политичари, или пак јавни личности кои го изразуваат тој свој став“, изјавила Петровска.
Заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер, кажала дека постои итност за придвижување на интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, пренесе „Гласот на Америка“.
Министерката Петровска во Вашингтон минатата недела учествуваше на стратешкиот дијалог помеѓу двете земји, а оствари и низа средби во Стејт Департментот, во Пентагон и во Пенсилванија.