Петрушевски: Поднесовме амандмани со цел намалување на ефектите од енергетската криза

пред 2 години

Поради критичните состојби во енергетскиот сектор, пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ поднесе амандмани со цел намалување на ефектите на кризата која ни претстои, изјави на денешната прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Бараме да се префрлат средства во АД Електрани на Македонија со цел цената за домаќинствата и малите потрошувачи да остане непроменета. Дополнително бараме од нашите колеги од власта да покажат разбирање и за правните субјекти кои набавуваат електрична енергија на слободниот пазар и на нив да им обезбедиме финансиска поддршка во овој критичен период. Повисоки цени на електрична енергија кај фирмите, значи поскапи цени на сите производи што ги купува секој од нас“, нагласи Петрушевски.

Тој додаде дека имаат поднесено и амандман кој се однесува на финансиска поддршка на домаќинствата кои ќе набават агрегати за електрична енергија.

„Министерот гарантира дека домаќинствата ќе имаат струја до Нова година, што потоа никој не знае“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека состојбата со енергетската криза е алармантна, а СДСМ и ДУИ се однесуваат ноншалантно и воопшто не се загрижени.

Share
Scroll to Top