Петти скејтбординг-натпревар ONE MORE TRY Skopje

пред 3 години

Во првиот викенд од oктомври Скопје ќе биде домаќин на петтиот Скејтбординг натпревар „ONE MORE TRY Skopje“, кој ќе се одржи на неколку локации низ градот. Станува збор за еден малку поразличен скејт настан, кој се одржува еднаш годишно и кој е единствен од ваков тип во регионот. Натпреварот е отворен за скејтери од сите возрасти. Атмосферата ќе биде дополнета со многу музика, дружба и одлични трикови.

Почнувајќи од Сабота (02 Октомври), скејтерите ќе се натпреваруваат на различни локации. Првата локација (збирно место) е платото пред Салата Борис Трајковски каде ќе се одржи класичен “Cash4Tricks” натпревар. Висината на наградата ќе зависи од сложеноста, стилот и успешното слетување на трикот. Потоа натпреварот ќе продолжи на различни локации низ градот.

Кој ќе има уште енергија после првиот ден, ќе продолжи во Недела (03 Октомври) во реновираниот скејтпарк во склоп на адреналинскиот парк во Карпош.

Натпреварот ќе кулминира со “BestLine” натпревар во рамките на кој скејтерите ќе имаат 45 секунди успешно да направат трикови во линија по избор на различните елементи во скејтпаркот. Секако, сите се поканети да се дружат и да го следат натпреварот.

Настанот се одржува под покровителство на Град Скопје.

Share
Scroll to Top