Пецаков: Не постои ниту еден пример некој да се изолира додека чека резултати од ПЦР-тест поради патување во странство

пред 2 години

Веројатно тезата “Наќе е крив” сега е заменето со акцијата “Пецак е крив”, а сето ова само тие од власта да не бидат криви на кои им се случи геноцид на народот поради неспособност во справувањето со ковид заразата, реагира охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, по обвинувањата дека не се изолирал и излегол помеѓу граѓаните за време на празникот Водици, додека ги чекал резултатите од ковид-тестот.

Тој повтори дека на 19 јануари, Водици се тестирал во Центарот за јавно здравје Охрид, не поради чуствување на симптоми поради ковид, туку поради патување и потребата за поседување на негативен ПЦР тест.

„Нормално не бев во изолација, затоа што што би се случило доколу илјадници луѓе кои поради потребата за патување во странство би се изолирале чекајќи резултати и секако не постои ниту еден пример кој се изолирал додека чекал резултати на ПЦР тест за странство, така што јас во текот на тој ден бев со охриѓани кои го славеа големиот христијански празник“, вели Пецаков.

Истиот ден, по 17 часот на е-мејл добил известување од тестирањето кое кажувало дека има позитивен тест. Пецаков рече дека иако не чуствувал никакви симптоми превзел мерки за самоизолација, додека неговата сопруга имала негативен тест.

„Наредниот ден (четврток) експресно добив решение за изолација од инспекторката од ДСЗИ, бидејќи без симптоми 10 дневна изолација, да појаснам сте имале можност да видите и лично, најголем дел имногу покасно, а се случувало и да не добијат решение за изолација. После 36 часа од тестирањето, со оглед на тоа што немав никакви симптоми, ниту некој од моето опкружување. Се тестирав уште еднаш, при што се покажа дека тестот е негативен и немам присуство на корона вирус.( и тој тест јавно го објавив), и само што ги добив резултатите истите и ги испратив на инспекторката (иако во некој друг процес кај што е започнато креирањето на кривичната пријава, вели дека не била запозната за тие резултати.) Стана јасно дека станува збор за грешка во тестирањето или пак кујните на власта по своја потреба тоа така го фабрикуваа“, вели Пецаков.

По обвинувањата упатени кон него и од Ирина Бухова, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Пецаков рече дека не прекршил ниту еден проткол, ниту свесно предизвикал опасност за граѓаните на Македонија. Најави кривична пријава за инспекторатот за клевети и несовесно работење и изнсување на заштитени здравствени податоци во јавност.

Share
Scroll to Top