Пиштол и автоматска пушка пронајдени кај жител на битолско Жабени

пред 4 години

Битолското основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 41-годишен жител на Жабени за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Осомничениот, на 12 мај, во неговиот автомобил држел пиштол марка „застава“ со калибар 6,35 милиметри и шест куршуми за тој пиштол.

При претрес, пак, во неговиот дом во Жабени биле пронајдени и една автоматска пушка со калибар 7,62 милиметри и 15 куршуми од тој калибар. Оваа пушка претставува оружје чие набавување и поседување е забрането за граѓаните.

На осомничениот му определен притвор во траење од 30 дена, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.​​

Share
Scroll to Top