Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре.
Погребните церемонии, според надлежните, ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево. Другите погреби ќе се одржат исто така во текот на утрешниот ден во разни временски периоди.
„Погребот на настраданите во ужасниот пожар во Кочани ќе се одржи утре (четврток, 20.3.2025 година) во следниот период:
11 часот на градските гробошта во Штип,
12 часот на градските гробишта во Кочани,
13 часот на гробиштата во с. Облешево.
Другите погреби ќе се одржат во разни временски периоди во текот на утрешниот ден.
Свештениците од локалните цркви ќе им се јават на сите ужалени семејства со детали во врска со погребот“, соопшти ЦУК.
Од Центарот ги замолуваат сите граѓани за достоинствено испраќање на жртвите и разумно постапување во текот на утрешниот тажен ден.
Текстот Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе биде утре во Кочани, Штип, Облешево и Скопје е превземен од МАКФАКС.






