Пожар избувна во автобус кај Сарај

пред 2 години

Утрото на ул.„20“ во с.Сарај, во близина на мостот Сарај, настанал пожар во автобус, сопственост на Т.С. од Скопје.

Според пријавеното, возачот К.А.(45) од с.Глуво, скопско, го ставил автобусот во погон да се загрее, по што забележал дека од задната страна кај моторот настанал пожарот.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а повредени лица нема. Увид е извршен.

Share
Scroll to Top