Премиерот Зоран Заев доцна синоќа остварил телефонски разговор со помошник државниот секретар на САД, Карен Донфрид, која на премиерот во име на САД и на американските граѓани му изразила длабоко сочувство до македонските граѓани за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.
„Заев и Донфрид разговараа за евро-интегративниот процес на Северна Македонија, при што беше изразена целосна поддршка од страна на САД за отворање на преговорите со ЕУ во декември оваа година. Соговорниците се согласија дека отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија е надворешно-политички и геостратешки интерес на САД“, се наведува во владиното соопштение.
Во телефонскиот разговор потврдено било и стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД, кои сега се партнери и во НАТО.