Попладнево пороен дожд и грмежи, од утре сонце

пред 2 години

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната од 12 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. В недела ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурите.

Share
Scroll to Top