Тешко повредено 18-годишно момче од валандовско, со мотоцикл удрил во столб

пред 2 години

18-годишно момче од валандовско е тешко повредено откако со мотоциклот кој го управувал удрил во столб.

Според МВР, вчера во 15.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во с.Пирава, валандовско, Б.Р.(18) од истото село, управувајки мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Share
Scroll to Top