Поради минирање, планинскиот премин Пресека – Врбјане утре ќе биде затворен

пред 4 години

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози.

Поради минирање, патниот правец, планинскиот премин Пресека – с. Врбјане, утре од 12 до 15 часот, во времетраење од 30 минути, ќе биде затворен за сообраќај, соопшти АМСМ.

Оттаму препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share
Scroll to Top