„Поради нерационалноста на Арсовска ќе се исплатат 1,5 милиони евра долг кон приватните превозници и непотребни 1,5 милиони денари камати и судски трошоци“, велат ВМРО-ДПМНЕ

„Поради нерационалноста на Арсовска ќе се исплатат 1,5 милиони евра долг кон приватните превозници и непотребни 1,5 милиони денари камати и судски трошоци“, велат ВМРО-ДПМНЕ

пред 5 месеци

„На виделина излезе дека ЈСП раководено од страна кадарот на Данела Арсовска и СДС на приватните превозници им должел 1,5 милиони евра. Пред една година Арсовска и тогашниот директор на ЈСП со триста манипулации и клевети се обидуваа да го докажат спротивното, но еве вистината излезе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Освен што се потврди долгот на ЈСП кон приватните превозници, сега со народни пари треба да се платат дополнителни 1,5 милиони денари за затезни камати и судски трошоци.

И доколку долгот мораше да се исплати, не смееше да дојде до тоа да бидат исплатени овие казнени 1,5 милиони денари. За трошењето за овие средства, но и состојбите со јавните претпријатија во Градот Скопје, главна причина е нерационалноста и инаетот на Арсовска. Таа наместо да се зафати со реализација на програмата и проектите од програмата за која доби поддршка од граѓаните, се зафати со сплеткарења, кавги, клевети, обвинувања, кочења, а сега гледаме и со плаќање на затезни камати и судски трошоци“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот „Поради нерационалноста на Арсовска ќе се исплатат 1,5 милиони евра долг кон приватните превозници и непотребни 1,5 милиони денари камати и судски трошоци“, велат ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top