Поради пожарот затворен преминот Богородица

пред 3 години

Поради пожарот што попладнево избувна на потегот меѓу месноста Милци и граничниот премин „Богородица“, сообраќајот на овој граничен премин е во прекин и возилата се пренасочуваат на граничниот премин „Дојран“, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на ГП „Богородица“ ќе биде нормализиран откако екипите на ЕВН ќе проверат дали е безбедно објектот да се приклучи на електрична енергија.

Пожарот поради ветрот се движеше кон границата со Грција, поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.

Според последните информации, огнот во делот во близина на ГП „Богородица“ е изгаснат.

Share
Scroll to Top