Постигнат одреден напредок во работата на Заедничката комисија со Бугарија

пред 3 години

Во заедничко соопштение на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, е наведено дека на 24 и 25 февруари во Софија била одржана 17-тата средба на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу двете земји.

Средбата, како што е наведено во соопштението поминала во конструктивна и отворена атмосфера, што придонесе како што е напишано за постигнување на одреден напредок во работата на Заедничката комисија.

„Во рамките на Заедничката седница на Владите на Бугарија и Северна Македонија, кое се одржа на 25 јануари, копретседавачите на Комисијата проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров постигнаа согласност за организирање три средби до крајот на месец мај. Членовите на Комисијата ја потврдија посветеноста за одржување на активен дијалог. Се планира следната средба на Комисијата да се одржи кон крајот на месец март или почетокот на април во Скопје“, стои во писмениот допис.

Share
Scroll to Top