Српската актерка Весна Малохоџиќ почина денеска на 73-годишна возраст, соопштија претставници на Здружението на драмски уметници на Србија.
Малохоџиќ е родена во 1948 година во Сараево.
Дипломирала на Театарската академија во Белград, а нејзиното име се поврзува со „златното доба“ на телевизијата, кога сериските и филмските програми беа во подем.