Новинарот Драган Ристов ја загуби битката со коронавирусот.
Тој беше хоспитализиран на Клиниката Жан Митрев и за неговото лекување се собираа финансиски средства.
Ристов почина на 47 годишпна возраст поради сериозни компликации од коронавирусот.
Тој беше татко на две деца и дологогодишен новинар, сликар и советник за односи со јавност во општина Штип.
На македонската јавност и е познат по тоа што секоја година беше одговорен и за прес конференциите на Фестивалот за забавна музика „Макфест“.