По пауза од еден мандат, Јакимовски повторно на чело на Општина Карпош

пред 2 години

Општинската изборна комисија во Карпош денеска им ги врачи уверенијата на новоизбраниот градоначалник Стевчо Јакимовски и на советниците од Советот во Општината.

Потоа во кабинетот на градоначалникот беше извршено примопредавање на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Стефан Богоев и новиот градоначалник Јакимовски.

На претходните избори Јакимоски ја загуби градоначалничката функција токму во изборната трка со Богоев. По поразот, порача дека по четири години, ќе се види дали граѓаните направиле правилен избор.

По примопредавањето на функцијата, Јакимовски одржа состанок со општинската администрација, при што на вработените им посака успешна работа во интерес на граѓаните.

На годинешните избори кандидатот на ГРОМ за градоначалник во општина Карпош во вториот круг победи со 14.864 гласа, а неговиот противкандидат од СДСМ, Душко Весковски, освои 13.420 гласа.

 

Share
Scroll to Top