Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и двајца од Левица ги повлекле потписите за недоверба, но ќе гласаат за пад на Владата

пред 2 години

Двајцата пратеници од Левица и петнаесетина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги повлекле потписите за недоверба на Влада, со цел, пратеникот од Алијанса, Скендер Реџепи, утре да гласа за недоверба на Владата. Според информации кои кружат во медиумските кулоари, тие остануваат на ставот дека ќе гласаат за недоверба на актуелната Влада на СДСМ и ДУИ. И со повлекувањето на потписите, има доволно пратеници за таа да биде спроведена.

Барањето со околу 17 потписи на пратеници е доставено до собраниската архива. Засега, собраниските служби не одговараат како ќе се постапува и дали ова ќе доведе до измена на утрешната седница. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, како и ПР службата на партијата, не одговараат на повиците за да одговорат дали ваквата информација е вистинита. Засега нема потврда дали тие и натаму остануваат на ставот дека ќе гласаат за недоверба на актуелната Влада.

Условот за повлекување на потписите од пратениците на Левица дојде од Скендер Реџепи, пратеник на Алтернатива. Тоа беше услов за тој да гласа за недоверба на Владата. Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа седницата и кажа дека епилогот може да биде недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање на недоверба.

Share
Scroll to Top