Заловено во Скопје, во населбата Новоселски пат, со трајно оштетување на окото и малтретирано од локалните жители, кучето Дарио замина во САД.
По повеќе од три месеци поминати во „Лајка“, Дарио вчера тргна на пат долг 16 часа, преку Виена до Чикаго.
Дарио, кој има две години, е првото куче од „Лајка” што патува надвор од земјава и се вдомува прекуокеански, согласно сите законски процедури за транспорт на кучиња.
„Се надеваме дека во иднина многу други кучиња заловени од скопските улици ќе ја доживеат неговата судбина и ќе најдат дом надвор од границите на државата, а ‘Лајка’ ќе ги обезбеди сите услови за нивно патување и наоѓање лица кои ќе им пружат живот каков што заслужуваат“, велат од ЈП „Лајка“.