Прв академски час на АУЕ-ФОН

пред 4 години

Американскиот универзитет на Евроопа-ФОН денес го одржа првиот академски час за оваа учебна година, а на „онлајн“ церемонијата на новите студенти (бруцоши) им се обрати в.д. ректорот професор д-р Љубомир Фрчкоски кој ги повика студентите да учат на едно од најдобрите места.

„Да учиме заедно и да создаваме култура и моќ од знаењето, да создаваме заедница која ќе биде просветлена со хуманизам, солидарност и знаење“, порача тој.

Во време на кризата предизвикана од панедмијата со коронавирусот, АУЕ-ФОН е единствен Универзитет кој за една третина има зголемен број на уписи на студенти во однос на минатата година.

„Се соочуваме со многу предизвици, но и покрај тоа верувам во иднината на Американскиот универзитет на Европа–ФОН, како и во нашата мисија затоа што знам дека можеме заеднички да придонесеме за трансформација на иднината на луѓето“, изјави претседателот на управниот одбор  професор д-р Рејмонд Аикики.

АУЕ-ФОН ја започна оваа учебна година 20202/2021 трансформиран согласно најсовремените американски образовни стандарди кои нудат флексибилни, либералени и просперитетени студии ставајќи го студентот во фокусот на интересот.

Share
Scroll to Top