48-годишна жена од Гостивар била тешко повредена по удар од автомобил, соопшти полицијата.
Вчера во 17.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гостивар, патничко возило „рено“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(55) од с.Равен, гостиварско, удрило во пешакот Б.Б.(48) од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Б., констатирани во Медицинскиот центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.