Прегазен 35 годишен крушевчанец кога во него удрило возило со прилепски ознаки

пред 3 години

Вчера во 13.30 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Орде Чопела“, патничко возило „опел вектра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(34) од Прилеп удрило во О.Џ.(35) од с.Белушина, крушевско.

О.Џ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп, соопштија надлежните.

Share
Scroll to Top