Пренџов: Власта пасивно го блокира Собранието, изборите се единствено решение

пред 4 години

Владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ заедно со претседателот Талат Џафери спороведуваат пасивна блокада на работењето на законодавниот дом, обвини на прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што рече, неколку недели наназад собранискиот сајт е во хаос и не функционира. На календарот за секојдневни активности на кој што има седници за комисии и пленарни седници недостасуваат материјалите кои што треба да бидат прикачени заедно со седниците, што е крајно недозволиво.

Исто така, изјави Пренџов, сајтот на е-парламент преку кој пратениците и собраниската служба имаат увид до пристигнати закони во Собранието и нивната собраниска процедура е нефункционален, така што се отежнува работата на пратениците и службата.

Од опозицијата обвнуваат дека дополнително зачестени се деновите кога или Собранието нема струја или се исклучува интернет конекцијата со што се блокирани сите собраниски активности.

„Токму денес кога ја држам оваа прес конференција се случува да се гаси интернет конекцијата така што имавме потешкотии и да ја најавиме до медиумите. Очигледно е дека ниту се работи за некаква случајост, ниту за некакви технички проблеми.Ова е пасивна блокада на законодавниот дом од страна на владејачкото мнозинство. Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ најавивме дека нема да дозволиме да се носат закони кои се на штета на граѓаните, па очигледно власта сфати дека позитивни законски решенија и реформи не се способни да изготват па најлесно им беше на ваков начин да ја блокираат работата на Собранието“,наведе Пренџов.

Во услови кога опозицијата активно ги блокира штетните закони во Собранието, а власта пасивно ги блокира сите закони ова само покажува дека предвремени парламентарни избори се единствено решение во овој момент, додаде тој.

Share
Scroll to Top