Претежно облачно време со повремени врнежи

пред 2 години

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната од 5 до 10 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 7 степени, јави УХМР.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветер од северен правец. Денеска и во недела по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Share
Scroll to Top