Претрес во Скопје, приведен дилер на дрога

пред 3 години

Во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје бил приведен 20-годишен скопјанец.

„ По претходно добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во дом на подрачјето на Центар, во кој живее Д.М., при што биле пронајдени поголемо полиетиленско пакување со марихуана и електронска вага“ соопшти МВР.

Д.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Share
Scroll to Top