Приватните специјализанти бараат здравствено осигурување и покачување на платата

пред 3 години

Решавање на проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти, покачување на платите, како и платени дежурства, се дел од барањата на Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС). Апелираат на исполнување на нивните барања, во најбрз можен рок.

Во допис до медиумите, Здружението наведува дека приватните специјализанти се’ уште немаат здравствено осигурување, а нема ни покачување на платата која изнесува 26.000 денари од 2018 година, што во моментов е за 2.500 денари под просечна плата во Македонија.

Специјализантите се’ уште бараат и платени дежуства, иако пред три години им било ветено дека проблемот ќе биде решен.

„ЗЛС нарави неколу пресметки кои ги опфаќаат државните и приватните доктори на специјализација по однос на платени дежурства. Истите не изнесуваат повеќе од 27.000 евра на месечно ниво за којашто сума добивме одобрување од Министерството за здравство. Покрај се специјлизантите се’ уште обавуваат 24 часа дежуство за нула денари. Дел од овие неплатени дежурства колегите ги релизираат во ковид-центрите“, велат од Здружението.

Понатаму се наведува дека покрај најавата дека се обезбедени средства за вработувња на 250 приватни специјализанти во декември минатата година, три месеци подоцна ниту еден конкурс не е реализиран.

„Со порастот на бројот на активни случаи и во недостаток на медицински кадар повторно се бара од оваа група на маргинализирани лекари да работи во ковид-центрите кои се отвараат ширум државата. Бројот на заразени приватни специјализанти, кои работат во Ковид центрите континуирано расте. А во меѓувреме колегите херојски се борат со КОВИД-19 под овие услови веќе една година. Но во рамките на сосптвената држава, не за долго“, додава Здружението на лекари специјализанти.

Share
Scroll to Top